Се работи за инвестиција вредна 5 милиони денари на УД„Крсте Петков Мисирков„
Министерството за образование и наука започна активности за реконструкција на ученичкиот дом “Крсте Петков Мисирков“ во Кавадарци, кои ќе бидат целосно заокружени во текот на летниот период. Станува збор за инвестиција вредна 5 милиони денари, со што значително ќе се унапредат условите за сместување и престој на ученици во овој објект.