-ООУ„ТОДЕ ХАЏИ ТЕФОВ“ ВО КАВАДАРЦИ СЕ ОГРАДУВА И ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВА
-Јас не можам да го препознаам училиштето, ни рече граѓанин кој 1992 година овде го завршил своето основно образование.Нашето училиште конечно заличува на установа во која се створени одлични услови за настава.Од пуст и запуштен двор сега , едно од настарите училишта во градот, станува пријатно катче за учење, воспитување и престој на нашите деца, додава некогашниот ученик и додаде ;барем моите деца сега ке имаат убави услови за настава.Само уште спортската сала да се направи и се ке биде на своето место.
Денеска во присуство на градоначалникот, УСАИД, преставници на изведувачите на работите, директорот наООУ,,Тоде Хаџи Тефов“ беше извршен надзор на изведените работи на уредувањето на дворот и оградувањето како и хортикултурни решенија на вој простор.-Проектот кој овие денови привршува , е инициран од директорот на училиштето Никола Нешковски со подршка на долгогодишниот донатор Агеницијата УСАИД, и локалната самопуправа.Целиот проект чини околу 1,5 милиони денари, од кои 1,2 ги обезбеди УСАИД,а 300 илјади се средства на Локалната самоуправа вели градоначалникот Алекдсандар Панов
Освен спортската сала која се очекува да се гради наредната година, училиштето е комплетирано со се она што е потребно за нормално функционирање .Се планира интервенција во промена на парниот котел и покривот.Сега со иградбата на оградата,поплочувањето, хортикултурните решенија , ова учлиште станува пријатно место за образование и воспитување. Директорот Никола Нешковски вели дека се работи изведени во рамките на проектот „ Меѓуетничка интеграција во образовниот систем “ во кој беа вклучени околу 300 училишта од Македонија
-Како училиште ние најдобро го одработивме проектот поради што и УСАИД ни додели 1,2 милиони денари, вели Нешковски.Во проектотр се вклучија наставниците, учениците и Локалната самоуправа со 300 илјади денари ,а ние како училиште учествуваме со 310 илјади денари.Нашите средства ги наменивме за подрачнното училиште во село Бегниште за изработка на скали, две влезни врати, на патека со бекатон плочки и санирање на потпорен зид, додава Никола Нешковски.
Претставникот на УСАИД потенцира дека во Општинава се присутни две децении, досега вложиле доста средства посебно во образовниот систем и ке продолжат и понатаму, со цел за подобрување на условите за живеење особено за младите генерации кои се нашата иднина.
М.Д.