Лафе разгласната радиостаница Кавадарци
Ова е многу ретка фотографија направена од мојот почитуван колега Бранко Ивановски- 1951 година.Се гледа како дедо со своите внуци ги слушаат најновите информации од инката на Разгласната Радио станица- Кавадарци 1951 година. Инаку разгласната радио станица е формирана и работела во состав на Агипроп 1945 година, веднаш по војната.Вести и други соопштенија информации и музика , според Петре Камчевски-директор на Музеј галеријата, граѓаните можеле да слушат на две места во градот:На чаршијата – во центарот на Кавадарци и во Дарданел-маало.Звукот се пренесувал преку појачало со два звучника од по 50 вати, а со струја се напојувало од акумулатот.
Фото архивата на Музеј-галерија Кавадарци