Изложба на Стефан Хаџи Николов-во Музеј Галеријата
Љубителите на уметноста, синоќа во Музеј-галерија Кавадарци имаа можност да го видат отварањето на ликовната изложба на СТЕФАН ХАЏИ НИКОЛОВ, еден од најреномираните ликовни уметници во Р. Македонија. На изложбата Хаџи Николов се претставува со 34 уметнички слики од неговата најновата колекција.
„Со задоволство по скопската изложба ја донесов истата во Кавадарци . Овде излагам веке трет пат.Овој мој опус има има лични душевни пејсажи, каде гледачот ке биде восхитен а нема да најде ниедна реална состојба или предмет, освен мене.Тоа што го работам сакам да го видат другите.Правам слики гледачот да биде восхитен, рече Хаџи Николов на отварањето на изложбата .
Новинарот Мирјана Мукаетова која ја отвори изложбата и зборуваше за творештвто на Стефан Хаџи Николов,се осврна на досегашните негови гостувања во Кавадарци.
-„Досега,Хаџи Николов, има реализирано 28 самостојни изложбиво 68 градови.Од неговитедела струи светлина ипозитивна енергија.Карактеристична е еротиката.Неговите апстракции се патување низ убавините на природата.Берспрекорен е во чистината а боитеи нијансите„.Добитник е на значајни државни награди кои зборуваат за неговото значење како врвен ликовен македонски уметник, реќе меѓу другото Мукаетова.
Како ретко кој како Стефан со своите дела успеваат успешно да ја маѓепсуваат публиката.
Дирекорот на Музеј галеријата Петре Камчевски ги покани сите кавадарчани да ја видат изложбата која содржи 34 дела во изложбените галериии која ке остане наредните 10-на дена.