Нов проект на Домот на културата Кавадарци : Музичко- артистички мјузикл на Балетското студио „Венус„
Полна сала, внимателно исчекување на секој настап,на сцената се менуваат светла,бои,актери, играчи-музиката ја исполнува салата,аплаузи...Со таков впечаток синоќа го напуштивме местото на настанот-големата сала на Домот на културата„Иван Мазов Климе“ каде се одржа кабарето „Ден и ноќ„-артистичко-музички проект кој како жанр кај нас ретко го има, но со ова покажавме и знаеме како и да го направиме.А во тоа сосема успејаа членовите на Балетското студио„Венус„ со нивниот ментор Биљана Грозданова и актерот и режисер-Диме Коцевски.Двајцата го режираа ова кабаре.
Тие направија и избор и соодветен текст кој ги вклопија во одлично изведен перформанс кој имаше идеја и визија како да се донесе на сцената.Изборот на музиката на која играа балетаните евергрински, - музика која плени и останува засекогаш за многу генерации.Диме Коцевски-профи-како и секогаш овојпат во улога на режисер и наратор на секоја музичка и балетска изведба.Сите артисти балетани, одлични со исклучоци на неколкумина кои беа на линија на брилијатна изведна како главниот нивни ментор-секогаш професионалната Биљана Грозданова .Марјан Тодоровски-тонски и музички подржувач:во секунда точен.Сега знаеме,Кавадарци располага со одлична екипа музички актери-балетани кои со респект можат да се носат со слични ансамбли од земјата и надвор од неа. Ова начин на изведба на мјузикл-со кабаретска музика и игра , прв пат е направено 2009 година , сега е со нов текст и нова кореографија која ја освежи сцената и секоја точка посебно.
Расфрлани бои во перфектна хармонија. Ден, слатка и безусловна љубов. Ноќ, мистериозна, таинствена. Ноќ, љубовница, грев... -Нема да ве прашам дали Ден или Ноќ, туку ќе ви одговорам: Ден и Ноќ...(д.к.)
За 5 јуни закажана е втора претстава на Кабарето „Ден и ноќ„ на сцената на Домот на културата.