Во Кавадарци ,како дел од дрворед, опстојува само едно стебло од видот даб .
Ова дрвце се наоѓа на улицата„Киро Крстев„ покрај фонтаната.Прекрасно е ,со убава крошна,богата листна маса и дебела сенка.
„Во Кавадарци пред 10 -12 години посадивме повеке вакви стебла, кој ги набавивме од Македонски шуми- „ШС„Бор„ но само едно стебло остана тоа што го посочувате,вели дипл.шум.инжинер Ратка Мукаетова-која е одговорна за садењето и држувањето на дрвворедите и зелените површини го градот.Намерата ни беше да посадиме повеке такви стебла, но за жал останатите не успејаа да преживеат, вели таа.
Инаку дабот плени со својата убавина и древност-тоа е типично македонско дрво кое се користи како главна огрева дрвна маса,но и за изработка на буриња за вино и ракија и друг дрвен прибор, застапено е на Кожув и сите македонски планини.Постои и т.н.зимски даб кој со неколку стебла го има во Градскиот парк.Уште едно ретко дрво- е застапено на улицата„Браќа Џунови„ кај трафиката „Портокал„.Се работи за декоративна бука-која е мошне ретка и ја имаме само со едно стебло.
Најчесто дрворедите во Кавадарци се посадени со :Липа,Копривки,повеке видови Јавор,Див костен,Јасен и други.Во Кавадрци градските дрвореди ги сочинуваат околу 3.000 дрвца кои продуцираат кислород, ја апсорбираат правта, а истовремено се украс на урбаниот дел на градот.