Околу 270.000 ученици, од кои 188.000 основци и 80.000 средношколци во Македонија, денеска го завршија својот ангажман на училиште, денеска присуствуваа на последниот училишен ден од учебната 2016/2017 година.
Полуматурантите овој месец ќе се запишуваат во средни училишта. Првото пријавување и запишување во јунскиот уписен рок е на 28-ми и 29 јуни. Средините училишта од Кавадарци веќе започнаа со своите промотивни активности, за да привлечат што е можно поголем број на ученици.
Матурантите, пак, утре (10 јуни) ќе полагаат тест по странски јазик. За англиски се пријавени најголем број кандидати (15.201), за француски јазик 108, за германски 197 и за руски јазик 26 кандидати.