ВО ПС од ОН Кавадарци се одржа Советодавна група на граѓани на тема превенција за пожари на отворен простор
Пожарите на отворено се опасни и тешко со нив се излегува на крај. Затоа оние што ги гасат и сите инволвирани во ова материја инсистираат да се спечи да се случат.Не дека нема луге и материјални средства за гаснење на пожари на отворено, но нивното локализирање изискува материјални средства и многу напор. Денеска на средбата во Полицијата, чија служба за превенција беше иницијатор на средбата, како Советодавна група на граѓани успеа да ги собере на едно место сите фактори кои учествуват во превенција интервенција информирање и анализа на пожарите.Командирот на ПС од ОН Кавадарци Борче Мустеников меѓу другото рече дека Полицијата сама не може да се справи со пожарите но заеднички може многу, затоа е добро да се интезивира соработката меѓу сите институции и служби. М-р Петко Ристовски-еден од најповиканите за ова работа, во име на ЈП подружница ШС„Бор„ кажа дека лани се случиле 5 големи пожари кои опфатиле 179 хектари а годинава досега 4 пожари.Тоа , за нас обичните граѓани не се големи бројки, но за специјалистите за шумски пожари е тешка материја која бара време, пари за интервенција, организација на луге ,возила, алат и многу познавање –со цел да не дозволи пожарот да се прошири.
Тој ја најави големата практична вежба која овој викенд ке се изведе на полигонот Криволак, а на која ке учествуваат три општини :Кавадарци, Неготино и Валандово,
Во дискусијата се вклучија повекето од присутните.
-„Најважно од се е дека сите се согласни повеке да се работи на превентивата, што досега и се чини, рече Димитар Каракулев –инспектор по превенција, но секогаш може повеке и подобро„- рече тој.