ИЗГРАДБАТА ТРАЕШЕ ПОВЕКЕ ОД 5 ГОДИНИ. ВО КАВАДАРЦИ НОВА ЦРКВА СЕ ГРАДИ ПО 170 ГОДИНИ
Денеска во Кавадарци беше осветена новоизградеаната црква „Света Преподобна Параскева-Петка“. Со самиот чин на осветување чиноначалствуваше Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, по што следуваше и свечена литургија. Присуствуваа голем број на граѓани, како и бројни високи претставници од политичкиот и деловниот врв. Таму беа претседателот на државата, вицепремиетот Зоран Ставревски, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и други.
Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов во изјава за медиумите рече дека е чест да се присуствува на осветувањето на прекрасниот храм.
-Храмовите се места каде верниците доаѓаат по својата вера, надеж и љубов. Се надевам дека овој храм на сите верници од Кавадарци и околината ќе им донесе многу радост, многу среќа и вербата во Бога да ја негуваат учествувајќи на сите настани кои ќе се одбележуваат во оваа црква, порача Иванов.
Кавадаречкиот градоначалник Александар Панов нагласи дека денеска во Кавадарци уште еднаш злото се победи со доброто
-Кaвадарци ја доби оваа убавица. Би сакал од мое лично има да посакам на сите граѓани на општина Кавадарци и на сите од Република Македонија оваа црква да биде место каде ќе се случуваат многу бракови, место и клупи каде ќе се разменат многу бакнежи помеѓу нашите млади, место каде нашите баби ќе ги гледаат своите внучиња и место кое ќе означи голем пород и зголемување на наталитетот што е крајна цел на градот Кавадарци и Република Македонија, рече Панов.
Зад проектот за изградба на црквата стојат ктиторите “Фени Индустри”, Општина Кавадарци, “Кожувчанка” и “Градба промет”, како и уште бројни други донатори, фирми и граѓани од Кавадарци и Македонија, а со благослов и духовно водство на Митрополитот Повардарски г. Агатангел.
-Денеска црквата станува реалност и тоа е Божја волја. Чувствувам и радост и одговорност што успеавме да го оствариме тоа што го замисливме . Сметам дека кавадарчани ја заслужуваат оваа преубава црква која мислам дека е една од најубавите, рече Константинос Даскалакис, генерален директор во “Фени Индустри”.
Никола Наумов од “Градба промет” исто така изрази задоволство што се дел од проектот за изградба на црковниот храм. Посака многу здравје, љубов и среќа за сите.
Се работи за еден од најубавите храмови во Византиски стил во Македонија. Црквата ја изгради искусната тајфа на мајсторот Ристо Гроздановски од Мала Преспа, Албанија составена од деветмина мајстори специјалисти за ѕидање со камен. Името на црквата не е ничија желба. Едноставно при одлучувањето на кој светец ќе биде посветена е испочитувана традицијата.Но во една пригода Митрополитот Повардарски Агатангел рече дека во Кавадарци пред многу столетија постоела црква со името на Света Патка. И тоа има влијание за името на новата црква.Црквата во оментот се живописува, работа која ке трае и наредниот период , но тоа нема да смета во неа да се обавуваат крштевања и венчавки, за што отец Тане веке најави дека има однапред закажани вакви убави настани.Од денеска сите православни христијани ке можат да ја посетуваат „Света Петка“ да запалат свеќа и да го побараат својот мир на душата.
Не само внатрешноста , дворот, околината, камбанеријата,целиот овој простор дише во поубава продуховена атмосвера ,чувствуваш некое смирение ,нов православен ветер кој дува во овој густо населен дел на Кавадарци.Место кое ке трае со столетија, и милениуми.Света Петка е правена да трае долго, за да и служи на многу генерации македонци,и други православци..Запишано е сите тие да се сеќаваат на 2015 година на 18-ти октомври кога по 5 години е изградена , осветена и пуштена да и служи на народот.Нека е за многу години.
М.Димитров