Пристигнувањето на учесниците во фестивалската зона во „Моклиште“ е предвидено денеска кога се предвидени и настапите на рок бендот Троја и Диџеј Брко.
Утре сабота, најавени се активности кои ќе започнат со посети на манастирот „Свети Никола “ во Молкиште , градскиот парк, спомен костурницата, Музеј галеријата, компанијата „Кожувчанка“ ДОО, и црквата „Света Петка“, по што ќе следува дефиле низ централното градско подрачје. Во 17 часот на градскиот плоштад, граѓаните на Кавадарци ќе имаат можност одблиску да се запознаат со целите и активностите на „Тиквеш рајдерс“.Отворањето на мото собирот е закажано во 19 часот. Во 19 часот и 30 минути ќе започнат мото игрите, а по прогласувањето на победниците предвидено за во 21 часот, ќе следуваат концертите на The Gundhies, Sakis Dovolis Trio и Eruption.Музика, мото игри, слободна кампинг зона, ефтино пиво и многу забава ќе донесе второто издание на мото фестот .Мото собирот завршува во недела со еколошка акција во фестивалската зона.