Во понеделник, на 10 јули 2017, во Кавадарци по шести пат ќе се одржи Меморијалната манифестација “Денот кога се роди добриот човек“
„Манифестацијата е во организација на Здружението за алтернативна култура “Алтер Центар“ Кавадарци, а е посветена на Дејан Костов-Лиса, еден од последните урбани легенди од Кавадарци, соработник на најдобрите кавадаречки уметници од сите бранши, борец за Кавадарци подобро место за живеење. Манифестацијата се одржува на денот на неговото раѓање.Манифестацијата “Денот кога се роди добриот“ во досегашните изданија за учесници имаше ликовни уметници, поети, драмски актери, музичари и други уметници, претежно од Кавадарци, со особен осврт на младите уметници и овозможување на нивна презентација пред културната јавност. Секако, важно е и тоа што како учесници секоја година се јавуваат и најпознатите кавадаречки уметници, ветерани на градската урбана сцена. Битен момент е што манифестацијата се одржува на алтернативни културни и уметнички сцени во градот и надвор од него, како промоција на таквите досега неискористени простори кои имаат изворедна можност за културна презентација и ја имаат основната инфраструктура за таа намена. Токму во Градскиот парк во Кавадарци, на платото пред Винската куќа, ќе се одржи и шестото издание на “Денот кога се роди добриот човек“.Годинава учесници се познати кавадаречки рок музичари, актери, поети и уметнички фотографи. Рок бендот “Лексикон“ подготви специјална музичка програма токму за оваа вечер, а во автентичниот простор на кавадаречкиот Градски парк ќе бида изложени уметнички фотографии на Гордан Ристовски Гого. Манифестацијата започнува во 21 часот.Инаку, ова е втора манифестација која Здружението за алтернативна култура “Алтер Центар“ ја организира оваа година. На 16 април, успешно беше реализирано второто издание на манифестацијата “Пријателите за Ристо“, посветена на еден од најголемите кавадаречки и македонски ликовни уметници Ристо Соколов Сокол,“ -се вели во соопштението до РТК.МК од Здружението за алтернативна култура „Алтер центар“-Кавадарци