На пазарот од Кавадарци квалитетен „Кардинал„ се продаваше за 50 денари килограм
Веке два пазарни дена ова седница на Градиот зелен пазар во Кавадарци се продава грозје од раната сорта Кардинал„. Грозјето е со одличен квалитет и е добро за консумација . Цената по килограм –изнесува во просек 50 денари, а денеска можеше да се купи по 50 и 60 денари килограм .
Ристо Стојановски, има поголема колчичина зрел кардинал и добро помина за почеток на бербата.
-„Вчера на пазарот во Росоман топ –тан го продадов за 60 денари килограм, што за мене е одлична цена.Сега ке паѓа цената но како за почеток таа е добра.„ Вели Стојановски.
Инаку во Тиквешијата на повеке места се произведува трпезно грозје од раните сорти како „Демиркаписка рана„ „Белградска рана“ ,бесеменото „Султанина„-црно и бело, „Јулски мускат„ „Блек Меџик„,„Викторија“ и други.
Раните сорти на грозје , заедно со оние трпезни сорти кои подоцна зреат опфаќаат род тежок околу 20 милиони килограми .Покрај кај индивидуалните лозари , раните сорти во најголем производител на грозје е АД„Гоце Делчев-Тиквеш“ која секоја година прва во Македонија организира берба и има договорен пласман на сите количини надвор од земајва кај долгогодишни партнери. Така веруваме ке биде и годинава.
Не помало учество во откупот и извозот на трпезното грозје имаат „Кав Комерц„ и „Пеца Комерц“ и неколку други компании кои исто така со години вршат пласман на трпезните сорти во земјата и странство.