Поради дефект, новиот центар на градот веќе втор ден е без вода за пиење.
Според информацијата која што ја добивме од Jавното претпријатие „Комуналец“, екипите на претпријатието работат на остранување на дефектот, и што е можно побрзо воспоставување на редовно водоснабдување.
Првичните проценки се дека новиот центар во градот ќе добие вода до 15 часот.