Во Демир Капија денеска почна изградба на повеќенаменско игралиште, со поддршка на Агенцијата за млади и спорт.
Игралиштето ќе биде со површина од 1.296 квадратни метри, а за користење на теренот и во вечерните часови, ќе биде поставено и соодветно осветлување, информираат од Локалната самоуправа.
- Се работи за објекти за рекреативно користење и тоа за ракомет, мал фудбал и кошарка. Ги има насекаде ширум државата, а еве едно такво игралиште никнува и кај нас, посочуваат надлежните од Локалната самоуправа Демир Капија.