Кавадаречките еколози се меѓу најактивните во земјата.Регионалното еколошко друштво Кавадарци беше дел од повеќе меѓународни сменинари за заштита на животната средина. На вечрашната последна активност учесниците ги презентираа своите знања и искуства кои ги стекнале за време на овие семинари организирани во неколку Балкански земји.
Три проекти за еден месец,тоа е навистина многу за толку кратко време.И ако сите успешно се завршат ,тогаш, сте постигнале успех.Тоа го направија членовите на Здружението „Еко Живот Еко Центар„ од Кавадарци,кој вчера со своите членови и новинарите од кавадаречките медиуми одбележаа седум години постоење.Скромни,што е нивна главна одлика,раководството на кавадаречките еколози предводено од претседателот Роберто Паризов направи резиме за три проекти кои се составен дел од Програмата на Европскиот центар за екологија - Еразмус плус,на кој учествуваа нивни членови а за нив пред камерата говореа : Владимир Маневски во Романија за „Рециклирање на општествени добра“, Александар Тефов во Хрватска за „Обновливи извори на енергија“,а Славица Саздовска во Србија за изградба на еко куќа од природни материјали –
Претседателот Паризов на средбата со новинарите нагласи дека екологијата е многу значајна во современиот живот, а малку е застапена во образованието кај нас.Третманот и вниманието кон неа треба да се зголемува во значителна мера. (видео изјави).