Бербата на трпезните сорти во ек.Кардиналот и Викторија при крај.Од понеделник берба на Мишел Палиер и Рибиер
Во АД„Гоце Делчев-Тиквеш„ овој период се е ставено во функција на бербата на грозјето.Родот е намелен, за разлика од лани за цели 50 насто, што е донекаде и очекувано со оглед на двете измрзнувања, сред зима(во јануари) и напролет(во април).
Директорот Ристо Милев- со кого денеска разговараме ни го потврди ова, но благодарение на сите вложени мерки за заштита на производството успеано е да се амортизира(колку тоа е можно при големи измрзнувања) она што ке роди да биде квалитетно.Тие веке извесен период берат „Кардинал“ и „Викторија“.Бербата на површините засадени со овие две трпезни сорти е при крај . Грозјето е со одличен квалитет.
-Веке од понеделник започнавме со бербата на „Мишел Палиер„ и „Рибиер„ две трпезни сорти на грозје, кај кои исто така имаме намален принос „-вели Милев.„Што се однесува до винските сорти на грозје, веке ја започнавме бербата на „Бургундецот„ кој ке го преработуваме во нашите сместувачки капацитети, и од него ке го произведуваме врвното вино кое го правиме во Винаријата на „Гоце Делчев-Тиквеш„.
Бидејќи временските прилики се екстремни и имаме период на високи температури, започна зреењето на винските сорти.Стасаа вискоквалитетните сорти „Мускат отонел„ и „Шардоне“ од плантажите на ова акционерско друштво.Во текот на утрешниот ден започнува бербата на овие две виснки сотри а количините ке бидат доставени за откуп во Винарската визба „Тиквеш„ во Кавадарци. Грозјето од ова компанија се извезува на традиционалните пазари каде со години се извезува:во државите на поранешните Ју републики, како и во Полска , Русија и други земји.