Проекција на филмови за деца на градскиот плоштад, од синоќа започна да реализира Домот на културата "Иван Мазов Климе" од Кавадарци.
Директорот Владимир Темков денеска информираше дека секојдневно во наредниот период, ќе се проектираат детски филмови во амфитеатарот на градскиот плоштад.
-Ова значи проширување на нашите активности, со опфат на најмладата генерација, рече меѓу другото тој.
Темков соопшти дека благодарение на локалната самоуправа ја добиле потребната опрема. На програмата до почетокот на новата учебна година, се предвидени повеќе детски и анимирани филмови.