Концерт на Камерниот оркестар ЕЛК од Кина
Ретки се настаните кога кинески млади музичари гостуваат во Кавадарци.Во петокот навечер оние што се затекнаа на Плоштадот во Кавадарци и намерниците кои беа подготвени да дојдат имаа пријатно , би рекле несекојдневно доживување. На централниот кавадаречки плоштад во Кавадарци се одржа целовечерен концерт на Камерениот оркестар „ЕЛК“ од Кина, во организација на Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци.Инаку се работи за проект на Кинескатo министерство за култура и Министертсвото за култура на Владата на РМ заедно со Фестивалот Охридско лето, каде кинеските музичари по концертот заминаа на настап.Инаку покрај кинеската традиционалана музика,гостите од далечната Кина исполнија неколку македонски народни традиционални песни заедно со млади музичари од Пробиштип.Гости на вечерта беа членовите на Фолклорниот ансамбл “Тиквеш“ кој работи при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци.Посетата на гостите од Кина на овој крај беше искористена да се запознаат со археолошкиот локалитет Стоби и винотеката на Винарската визба “Гоце Делчев - Тиквеш“, а еден дел од посетителите на концертот се фотографираа со симпатичните кинески девојки.