Колонијата беше отворена синоќа ви хотелот „Уни палас“
Со отварњето на Изложбата на Маријана Костојчиновска-Узунчева синоќа во Кавадарци започна Меѓународната ликовна колонија “Кавадарци/Михајлово 2017 “. На изложбата на Костојчиновска , на која присуствуваа повекето уметници и кавадаречки љубители на ликовната уметост говореа :актерот Диме Коцевски, дирекорот Владимир Темков и авторот-Узунчева .
Колонијата -23- по ред, се одржува во просториите на Хотелот “Уни Палас 2“ Кавадарци и ќе трае до 27 август. На неа учествуваат шеесет и пет ликовни уметници од Македонија, Бугарија, Грција, Србија, Турција, Иран, Данска, Италија, Косово, Албанија, Црна Гора, Украина и Ерменија.
Меѓународната ликовна колонија “Кавадарци/Михајлово 2017“ е посветена на познатиот кавадаречки и македонски ликовен уметник Ристо Соколов Сокол,кој прерано почина, а е во организација на Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци и Локалната самоуправа на општина Кавадарци.Според квалитетот на уметниците и бројот на учесниците со право годинава ова колонија го носи епитетот европска.
За време на одржувањето ќе бидат отворени уште две изложби и тоа на ликовниот уметник Лаура Димитрова од Бугарија (22 август во Музеј Галерија Кавадарци) и Меѓународна уметничка фотографска изложба во организација на познатиот албански фотограф Саимир Ахмети (25 август во Галерија при Дом на култура Кавадарци), а предвидени се и други културни настани и концерти.
Свеченото затворање на колонијата е на 26 август, со изложба на новонасликаните дела.
На колонијата синоќа говореа градоначалнкот Александар Панов и директорот на Дoмот на културата Владимир Темков, а за доброто распположение се погрижи Рок бендот „Лeксикон„.(Видео прилог)