На Ликовната колонија„Кавадарци-Михајлово 2017“ учествуваа над 60 ликовни уметници кои зад себе оставија над 150 ликовни дела
Во рамките на Меѓнародната ликовна колонија “Кавадарци/Михајлово 2017“, вечерва од 19 часот во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци ќе биде отворена Меѓународна изложба на уметнички фотографии “Adria Wealth & Muzeqeja Wealth".
Околу 20 часот, на Градскиот плоштад во Кавадарци ќе се одржи Меѓународен фолклорен фестивал „Кавадарци 2017“. Учествуваат фолклорни ансамбли од Полска, Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија и Македонија (АКУД “Мирче Ацев“ -Скопје и Фолклорен ансамбл “Тиквеш“ - Кавадарци).
Пред почетокот на концертот, ансамблите ќе учествуваат во дефиле низ ул.“Илинденска“. Дефилето ќе започне во 19.30 часот.
Утре сабота, на 26 август 2017, со почеток од 12 часот, во Хотел “Уни Палас 2“ свечено, со изложба на содадените дела ќе биде затворена Меѓународната ликовна колонија “Кавадарци-Михајлово 2017“. Годинава шеесетина уметници од Европа и Азија твореа и зад себе оставија над 150 ликовни дела.