Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=1675
    [QUERY_STRING] => id=1675
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 15151
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 3.16.47.89
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732495075.7209
    [REQUEST_TIME] => 1732495075
)
Како да се здружат домашните производители на ракија


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Целта е заеднички настап на пазарите и постигнување на поголема цена

Тоа беше темата на која се разговараше во просториите на општинската зграда во Кавадарци. На средбата организирана од Конзорциумот “Иноватор 2013”, присуствуваа кавадаречки лозари и претставници на Регионалниот лозарски сојуз “Агротиквешија”.

-“Иноватор 2013” како регионална институција покрај другите, искреира и еден проект за производство, откуп и пласман на домашна природна гроздова ракија и останати овошни ракии. За да може домашната ракија како национален ресурс да се пласира на рускиот и на скандинавските пазари. Затоа што навистина е една голема резерва која луѓето ја имаат произведено, а за жал им лежат финансиски средства кои не можат да ги ефектуираат, рече Љубомир Ракиџиев, претседател на Собранието на Конзорциумот.

Тој нагласи дека ќе се обидат да се стават на услуга како меѓународна асоцијација која работи на проекти од европски фондови.

-За ова разговаравме со општината и здружението на лозари. Земјоделско шумарското училиште од Кавадарци беше посочено како центар за стручно оспособување за една пробна количина за керамичка амбалажа, шишиња со посебни дизајни. За да може продажбата да оди на фришопови, дисконти и слично, каде се постигнуваат поголеми цени, појасни во изјава за медиумите.

Се очекува на ваков начин, сегашната цена на ракијата да се зголеми за три до пет пати. Таа во земјено пакување да чини 10 до 15 евра, а во стаклено, меѓу 7 и 10 евра.

На средбата присуствуваа и пчелари, бидејќи проектот опфаќа три врсти на ракии. Прополка, гроздова и анасонка. Дали гроздовата ќе биде бела или жолта, допрва ќе се договара.

-Се надевам дека ќе наидеме на заинтересираност и дека ќе го стартуваме проектот. Најпрвин ќе треба да се формира правен субјект, задруга или друштво со ограничена одговорност, субјект кој за неколку години би прераснал во акционерско друштво. Се работи за издржан проект кој има подолгорочна димензија, нагласи тој.

За сево ова рече дека веќе била остварена средба и со генералниот секретар во Владата на Република Македонија.

-Потребни се економски мерки во поглед на третманот на ракијата. Предложивме овој производ домашна ракија да се третира како посебен производ од национално значење кој нема да има акцизни давачки како што има сега. Да нема третмани и тешки услови како сега пропишаните, додаде Ракиџиев.

Доколку сево ова заживее, рече, ќе биде потребно унифицирање на домашната ракија која има различни вкусови и состав. За таа цел во целата таа работа ќе биде потребно да се вклучи и некоја од винарниците.

Се работи за регионален проект, ќе биде опфатена и српската сливова ракија. За сево ова ќе се подготви европски проект.