На 7 Септември 1944 година единиците на Деветата македонска бригада го ослободија Кавадарци.
Тој убав есенски ден , кој долго време бил очекуван од кавадарчани бил организиран митинг на кој говореле Најдо Стаменин-Орлов, командант на бригадата и Ристо Стојанов-Железни, политички комесар. Долго очекуваната слобода е многу скапо платена.
Во текот на војната загинале 333 борци и жртви на фашистичкиот терор од општина Кавадарци, а тројца од нив се прогласени за народни херои.Моштите на загинатите и борците се наоѓаат во Спомен костурницата во Градскиот парк.Вечна слава ним и на сите кои дале придонес за слободување на Кавадарци.