Седмосептемвриските награди ги добија: Дипл.мед. сестра Велка Гавровска Лукиќ,Инж.арх.Петко Бојков и естраден уметник Катерина Танева-Ѓорѓиева
73 години слободно Кавадарци беа заокружени со свечената седница на Советот на Општината на која претседаваше претседателката Горица Пеливанова –Вилхелм.Градоначалникот Александар Панов во краткото обраќање, кратко ги нотира дел од позначајните постигнувања во изминатиот период,а во ова прилика тој потсети и на историските постигнувања на македонскиот народ преку извојувањето на слободата 1944 и осамостојувањето на Македонија 1991 година на 8 септември.
Највисоката општинска награда со одлука на Советот, ова година им беше врачена на Велка Гавровска Лукиќ-Мединицска сестра ,Катерина Танева -естраден уметник и Петко Бојков-архитект, истакнати посединици кои не се штедеа себеси за да го афирмираат Кавадарци во земјата и странство.Нивното обраќање до присутните во салата ан Домот на културата беше полно со искрени емиции.
Во културниот дел од програмата настапија професори и ученици од ОМБУ„Лазо Мицев Рале“