Изложбата претставува ретроспектива на сите Тиквешки Гроздобери од 1964 до минатата 2016 година.
Низ фотографии кои ги оставиле нашите хроничари и фотографи,створена е архива која е доволно голема за да говори за сите досегашни манифестации.Авторот на изложбата Петре Камчевски,кој е и сведок на сите досегашни Тиквешки Гроздобери, направил избор од фотодокументацијата која на јавноста и се нуди како времеплов низ сите години наназад.За самата манифестација зборуваше и Кети Ванчева а конкретно за денешната изложба авторот Камчевски.На крајот на изложбата градоначалниот официјално го прогласи отварањето на годинашнава стопанско-туристичка манифестација „Тиквешки гроздобер 2017“.