Утре 15 септември 2017, во Паркот на револуцијата Кавадарци (полициско паркче) ќе се одржи Манифестацијата “Кога Кавадарци свиреше Rock’N’Roll (25 години од првиот Тиквеш Рок Фест)“.
Манифестацијата е во организација на Здружението за алтернативна култура “Алтер Центар“ Кавадарци, а со голема подршка на Министерството за култура на Република Македонија и е во рамките на “Нов културен бран 2017“.
За што станува збор? Во далечната 1992 година се одржа првото издание на “Тиквеш Рок Фест“, со учество на 11 рок бендови од Кавадарци и еден од Неготино. Гости беа “Зијан“ од Гевгелија, “Боб Рок“ од Штип и “Александрија“ од Штип. Победник беше рок бендот “Skylab” од Кавадарци. Ако сте расположени да го слушнете остатокот од приказната, се гледаме во петок на 15 септември 2017.
16.30 часот – Мастер клас по рок и џез бас гитара и контрабас со Дипломираниот џез контрабасист Петре Ангелов Фиш
19.00 часот – Трибина посветена на рок музиката во Кавадарци, со учество на повеќе познати кавадаречки рок музичари од различни генерации
21.00 часот – Рок концерт со првата лига на кавадаречката рок сцена, рок бендовите “Leksikon“, “Bad-Ass-All“ и “Smoke Shakers”