Неготинската територијална противпожарна единица доби современа опрема која ќе придонесе за нејзино поефикасно функционирање.
Донацијата е од компанијата Дрекслмајер, а се работи за хидраулична ножица - алатка која е од големо значење за противпожарна станица во Неготино.
- „Со опремата што ја донираше Дрекслмајер нашиот противпожарен тим ќе може побрзо и поефикасно да реагира. Посакуваме што помала потреба од наша интервенција, но во итни случаи, пресудна е комбинацијата од добра опрема и искусни пожарникари. Се надевам дека соработката со компанијата Дрекслмајер ќе продолжи и во иднина“, изјави Илија Илиев, Командир на територијална противпожарна единица Неготино„.
-„Во рамки на програмата за општествена одговорност Дрекслмајер активно го поддржува регионот со многубројни активности од разновиден карактер. Донирањето на опрема на Противпожарната единица во Неготино е дел од низата на проекти кои ги поддржуваме, покрај оние од областа на образованието, културата и спортот “ рече Лукас Мирингер, директор на Дрекслмајер Македонија.