На 24 септември во Спортската сала во Тетово, се одржа Меѓународниот натпревар Златен куп на Тетово.
На натпреварот учествуваа околу 300 натпреварувачи од клубови од Македонија, Косово, Црна Гора и Албанија. КК Урбан Инвест - Кавадарци со освоени 9 златни, 8 сребрени и 10 бронзени медали беше втор на ранг листата и прогласен меѓу трите најуспешни клубови на натпреварот.Златни медали освоија ;Владанка Аврамова - кати поединечно кадетки,Владанка Аврамова - кати поединечно јуниорки,Александар Стојков - кати поединечно 2006 година,Мери Манчева - кати поединечно 2005 година, Филип Гурев - кати поединечно 2005 година, Анастазија Ристов - кати поединечно 2004 година, Ката тим 2004-2005 година во состав: Стефанија Грозданова, Анастазија Ристов и Снежана Габева, Ката тим 2006-2007 година во состав: Александар Стојков, Мартин Прстенков и Мартин Костови и Ката тим 2010 година и помлади во состав: Сара Аврамова, Сузана Гурева и Александар Кичев.
Сребрени медали добија: Петар Аврамов - кати поединечно 2004 година,Кристина Цветковска - кати поединечно 2009 година,Ивона Муфтарова - кати поединечно кадетки,Мелани Богева - кати поединечно 2004 година,Тодор Габев - кати поединечно 2004 година,Ката тим 2008-2009 година во состав: Марија Филипова, Кристина Цветковска и Сара Аврамова,Ката тим кадетки/јуниорки во состав: Владанка Аврамова, Ивона Муфтарова и Миа Маневскаи и Ката тим 2004 - 2005 година во состав: Петар Аврамов, Никола Габев и Филип Гурев.
Бронзени медали освоија:Миа Маневска - кати поединечно кадетки, Стефанија Грозданова - кати поединечно кадетки, Мартин Прстенков- кати поединечно 2007 година,Мартин Костов - кати поединечно 2007 година,Марија Филипова - кати поединечно 2009 година, Сара Аврамова - кати поединечно 2010 година,Сузана Гурева - кати поединечно 2010 година,Тодор Стојанов - кати поединечно 2008 година, Александар Кичев - кати поединечно 2010 годинаи Данка Стојкова - кати поединечно 2006 година.