-Прес конференција на Бетијане Китев-кандидатот за градоначалник на СДСМ
Кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата Бетиане Китев на прес конференција говореше за програмските определби во делот на локалниот економскми развој.
Интегрално соопштение:
„Почитувани сограѓани, како што ветивме во нашата програма „План за Живот во Македонија“, во првите 100 дена ја покачивме минималната плата на 12.000 денари. Со ова ја активиравме спиралата на покачување и на просечната плата во Македонија.
Нашата програма за локалните избори, во голем дел се фокусира и на локалниот економски развој. Ќе даваме директна поддршка за домашните фирми, пред се за малите и средни претпријатија. Ќе обезбедиме еднакви услови за инвестирање и за домашните и за странските фирми.
Посебен акцент ќе биде ставен на микро, малите и средни компании кои ќе бидат субвенционирани како од централната, така и од локалната власт. Локалната администрација ќе биде фокусирана и ќе работи напорно врз изнаоѓање начини за искористување на фондовите од ЕУ: ИПА, ИПАРД, Хоризонт 2020, потоа фондовите и средствата од Светска Банка и Меѓународен Монетарен Фонд, од Европска Инвестициона Банка и Европска Банка за Обнова и Развој, од УНДП, УСАИД, од странските амбасади итн. Посебен дел во програмата за локален економски развој имаме ставено и на младите претприемачи.
Младите ќе бидат во центарот на развојот на општина Кавадарци. Покрај субвенциите за мали бизниси од централната, таква помош ќе добиваат и од локалната власт. Ќе биде изграден нов бизнис и старт ап центар во Кавадарци, каде младите кои сакаат да започнат сопствен бизнис ќе добијат бесплатни простории.
Исто така, планираме да ја вклучиме бизнис заедницата во дефинирање на приоритетите на општината. Ќе организираме бизнис форум еднаш годишно со локални стопанственици и стопанственици од странски општини и држави. Ќе формираме и база на компании-извозници кои ќе бидат промовирани на странските пазари. Почитувани сограѓани, ве повикувам да излезете на 15-ти октомври, и да го искористите вашето право на глас. Да гласаме за реден број 19. Да гласаме за поголеми можности за сите! Да гласаме за Живот во Кавадарци!„ се вели во соопштението од кандидатот за градоначалник на СДСМ Бетијане Китев.