Демант на соопштението на СДСМ-Кавадарци
Интегрален текст на демантот:
„Носителот на советничката листата Горица Пеливанова Вилхелм не е 8 години претседател туку 4 години. Со самото пристапување кон функцијата претседател на совет истата се одважи и од партијата и од бизнис заедницата и објави фронтална војна на загадувачите во Кавадарци. Со низа трибини, јавни расправии иницјатива за распишување референдум. И покрај сите притисоци и јавни закани Таа застана на страна на сите граѓани без оглед на партиска или етничката припадност . Штитејќи ја здравата животна средина и здравјето на сите сограѓани. По нејзината иницјатива Фени Индустри ги инсталира нај модерните филтри за прочистување.Благодарејќи на неа денес граѓаните можат да ја согледаат очигледната разлика да дишат чист воздух и да живеат во еколошки здрава средина. Земјоделците можат да се пофалат со еколошки здрав производ . А Тиквешијата да го врати епитетот Град на грозјето и виното. Истиот претседател на совет сега носител на советничката листа им рече стоп на тендер урбаната мафија и спречи да се реализираат низа штетни градежни проекти во интерес на сите сограѓани. И спроведе низа заклучоци, идеи и проекти без разлика дали се предлози на СДСМ или ВМРО кои се во интерес на сите сограѓани“, се вели во демантот од ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.