Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=186
    [QUERY_STRING] => id=186
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 16921
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 52.14.209.100
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732480200.9239
    [REQUEST_TIME] => 1732480200
)
РЕКАТА „ЛУДА МАРА“ ПОД БИОЛОШКИОТ МИНИМУМ


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На делницата коритото на реката Луда Мара од првата мини ХЕЦ над село Ваташа до природното езеро“ Градот“ реката е со минималниот биолошки минимум.

Веднаш уследи реакција на Еколошкото друштво „Еко живот“:

- Ја оставија реката Луда Мара без вода во Кавадарци, реагираат одовде. Тие јавно ги повикуваат инспекциските служби да се позанимаваат малку повеќе со еколошката предупотреба на природни ресурси.

„Ова е реката Луда Мара по третата хидроцентрала на хидросистемот ’Хидробошава‘. Во коритото на реката не оставиле ниту пет проценти од вкупното количество вода. Вака е со денови. Рибниот фонд едвај да го има, а од ракови нема ниту „Р“. Кој ќе одговара за несовесното уништување на биодиверзитетот во реката, која претставува природно богатство на Кавадарци“, го цитираме Роберто Паризов, Претседател на регионалниот еколошки центар, кој дејствува во рамките на Движењето на екологисти на Македонија, повикувајќи ги надлежните да реагираат.

Граѓаните со кои се сретнавме на овој терен реагираат соодветно на појавата, посочувајќи преземање мерки, за да се заштити реката која минува низ градот и го дели на два дела.

Инаку од Ваташа до Кавадарци и подолу барем послeдните два дена ја има вообичаената количина вода.

Од „Водостопанство на Македонија“, подружница „Тиквеш“, велат дека вообичаено, во летниот период речиси и да нема вода во коритото на реката Луда Мара, поради пеколните горештини во вардарскиот регион.

„Водата што навикнале да ја гледаат граѓаните лете, всушност, ја префрлуваме ние од хидросистемот ’Бошава’ и доаѓа откај Конопиште. Во изминатите неколку дена имало дефект на решетките и наносите. За кратко водата била сопрена за да се отстрани дефектот и да се исчисти наносот. Во такви услови била пуштана само вода која се користи за пиење и наводнување“, појаснуваат надлежните.

Тие додаваат дека водата во реката е повторно пуштена и уверуваат дека во иднина нема да има причини за слични реакции на граѓаните.