Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=1942
    [QUERY_STRING] => id=1942
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 48434
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 18.116.23.59
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732484660.3559
    [REQUEST_TIME] => 1732484660
)
Локални избори 2017/ Зоран Заев : „Тоа е слободата за којашто се боревме!


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„Сакам да ја искористам приликата, да испратам порака до кавадарчани да продолжиме во фер, демократска, слободна атмосфера, заради тоа што само слободните избори не прават победници, сите на крајот слободно да го дадат својот глас за оној за кој што мислат, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев по средбата со граѓаните во форум паркот во Кавадарци, заедно со кандидатот за градоначалник Бетиан Китев.

„Тоа е слободата за којашто се боревме! Сите заедно на исто ниво отвараме дебата, форум којшто ќе биде пракса на работење на општина Кавадарци и на сите општини во Република Македонија.” порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев на вчерашниот отворен форум со граѓаните на Кавадарци.

„На Кавадарци му е потребен чесен пристап за да може да го реализира својот огромен потенцијал, преку грозјето, виното, лозовите насади, преку квалитетна изградена инфраструктура, да прерасне во туристичка дестинација, да се купува шише вино плус, да расте потрошувачката, модернистички да се натпреварува со другите општини и на тој начин сериозно да учествува во севкупниот економски раст„ .„Нашата филозофија е да направиме се да најдеме пари и да ги пуштиме кон граѓаните” рече Заев.

Наредната година премиерот и претседател на СДСМ рече дека ќе започне реализацијата на мерката поврат на 15 % од ДДВ за граѓаните. Како што објасни тој, граѓаните плаќаат ДДВ на се што трошат и купуваат и државата има намера дел од тие пари да им ги врати на граѓаните.

„Го менуваме законот за извршна дејност за да може извршителите да ги поставиме онака како што е секаде во демократскиот свет. Не може за 2.000 денари, да дојдат 22.000 денари до извршител” соопшти претседателот Заев.

„Нашиот кандидат е фаворит во оваа трка, јас верувам во младоста, во перспективите на Бетиан, тој е мој другар со кој што сите овие години работевме, градејќи ги овие програми и програмски перспективи за сите граѓани, убедени дека бројот 19 на овие избори е опцијата и за Кавадраци. Не е во ред Кавадарци, кој што е центарот на нашата Македонија, да остане да каска на времето. Имаа шанса нашите политички противници сиве овие години и со централна и со локална власт да покажат, за жал видовме дека навистина Кавадарци каска во својот развој“, изјави Заев.

И кандидатот за градоначалник, Бетиане Битев, вети дека локалната власт ќе работи чесно, транспарентно и во интерес на граѓаните.

- „Не ги делиме луѓето и даваме шанса секој да се определи онака како што мисли. Ние инсистираме и сме убедени дека само со промена на политиките и на локално ниво можеме да обезбедиме просперитет, развој, транспарентна локална самоуправа која што ќе биде во интерес на граѓаните и која што ќе работи исклучиво за интересите на граѓаните на општина Кавадарци. Подавам рака на секој, спремен сум да влезам во битка со сите оние проблеми коишто актуелното раководство на локалната самоуправа ќе ни ги остави и токму од тој аспект мислам дека е многу важно на 29-ти граѓаните да бидат на вистинската страна – изјави Китев на средбата со претсдетелот на СДСМ Зоран Заев и средбите со граѓаните вчера во Кавадарци.