Веста е објавена во дневниот бултен на МВР
Како што е објавено во службениот билтен на МВР „СВР Велес поднесе кривична пријава против Б.С. (46) од с.Бегниште, кавадаречко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Пријавениот во текот на 2017 година во близина на река Блашница, од викендици, украл експлозив, фитил, муниција и полуавтоматска пушка. Во текот на 2017 година, пријавениот посадил два корена од растението канабис сатива и откако созреало го набрал и произвел марихуана“, се вели во соопштенето објавено во Билтенот на МВР.