Array
(
    [PHPRC] => /home/rtkadm/fcgi-bin/../etc/php7.2
    [PWD] => /home/rtkadm/fcgi-bin
    [PHP_FCGI_MAX_REQUESTS] => 99999
    [SHLVL] => 0
    [PATH] => /usr/local/sbin:/usr/local/bin:/usr/sbin:/usr/bin:/sbin:/bin:/snap/bin
    [CONTENT_LENGTH] => 0
    [HTTP_CONNECTION] => close
    [SCRIPT_NAME] => /preview.php
    [REQUEST_URI] => /preview.php?id=203
    [QUERY_STRING] => id=203
    [REQUEST_METHOD] => GET
    [SERVER_PROTOCOL] => HTTP/1.1
    [GATEWAY_INTERFACE] => CGI/1.1
    [REMOTE_PORT] => 43565
    [SCRIPT_FILENAME] => /home/rtkadm/public_html/preview.php
    [SERVER_ADMIN] => [no address given]
    [CONTEXT_DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [CONTEXT_PREFIX] => 
    [REQUEST_SCHEME] => http
    [DOCUMENT_ROOT] => /home/rtkadm/public_html
    [REMOTE_ADDR] => 3.128.226.128
    [SERVER_PORT] => 80
    [SERVER_ADDR] => 95.86.15.250
    [SERVER_NAME] => rtk.mk
    [SERVER_SOFTWARE] => Apache/2.4.29
    [SERVER_SIGNATURE] => 
    [HTTP_HOST] => rtk.mk
    [HTTP_ACCEPT_ENCODING] => gzip, br, zstd, deflate
    [HTTP_USER_AGENT] => Mozilla/5.0 AppleWebKit/537.36 (KHTML, like Gecko; compatible; ClaudeBot/1.0; +claudebot@anthropic.com)
    [HTTP_ACCEPT] => */*
    [SCRIPT_URI] => http://rtk.mk/preview.php
    [SCRIPT_URL] => /preview.php
    [FCGI_ROLE] => RESPONDER
    [PHP_SELF] => /preview.php
    [REQUEST_TIME_FLOAT] => 1732499358.8694
    [REQUEST_TIME] => 1732499358
)
ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА НА „ТИКВЕШКИ ВИНСКИ ПАТ“ И ИТАЛИЈАНСКО-МАКЕДОНСКАТА СТОПАНСКА КОМОРА


МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ПОКРАЈ ВО ТУРИЗМОТ СО ИТАЛИЈАНЦИТЕ КЕ СЕ СОРАБОТУВА И ВО ДРУГИ БИЗНИСИ

Двете страни се договориле да соработуваат и понатаму. Во изминатата година таа била главно на полето на енолошкиот туризам, но сега таа се продлабочува и во неколку други сфери.Договорот го потпишаа директорката Виолета Јанкова од Кавадарци и Енрико Петрела, претседател на Комората со седиште во Рим

-Веќе од минатата година соработуваме во областа на туризмот, а сега таа соработка се проширува. Имам долгогодишна и успешна соработка со Италија. Плод на таа соработка се просториите за музеј за вино во Неготино од 244 квадратни метри, археолошки истражувања во Стоби и слично. Продолжуваме со соработката во доменот на туризмот и развојот на едукацијата во туризмот. Во таа соработка се вклучени и двете држави и локалните самоуправи од италијанската и од наша страна, рече Јанкова во изјава за медиумите.

Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов, во чиј кабинет се потпиша договорот, нагласи дека денешната средба отвора уште многу теми поврзани со бизнисот и со интересот на италијанското стопанство во Република Македонија.

Задоволство од тоа што и понатаму ќе соработува со Фондацијата “Тиквешки вински пат”, во изјава за медиумите изрази и Петрела.-Ние сме денеска повеќе од задоволни, можам да кажам со голем ентузијазам се среќаваме со градоначалникот на Кавадарци кој што преку еден територијален маркетинг ќе ни овозможи да стапиме во контакт со потенцијални партнери на претприемачи во Македонија. Имаме проекти за противпожарни апарати, а особено сме заинтересирани за развој на проекти од религиозниот, еногастрономскиот, културолошкиот туризам, се она што е поврзано со вашата храна и вино, но исто така и бројни проекти во делот на индустријата.Добивме подршка од Македонската влада за остварување на овие проекти. Сме институција која е призната од италијанското Министерство за економски развој, од италијанското Министерство за надворешни работи како што и од Здружението на трговски комори на Италија. Имаме соработка и со локалните самоуправи во Македонија и со вашиот амбасадор во Италија. Заедничките проекти меѓу другото ќе значат и нови вработувања, нагласи Петрела.