Мерните станици утрово во 9 часот во Кавадарци и во Центар, Карпош, Лисиче, Гази Баба-Скопје потоа Битола, Кичево, Тетово и Велес измерија висок степен на загадување.
Суспендирани честички со големина помала од 10 микрометри (PM10).
Малите вдишливи честички може да бидат едни од најштетните загадувачки супстанции во воздухот. Суспендираните честички со дијаметар помал од 10 микрометри (PM10) може да продрат длабоко во респираторниот систем на луѓето. Штетните честички се емитуваат во атмосферата од голем број на извори, како на пример издувниот систем на возилата, греењето во домаќинствата, индустриските процеси, електраните, согорувањето на земјоделскиот отпад, согорувањето на отпад од дивите депонии и дворовите и шумските пожари. Емитираните честички, исто така, со помош на хоризонталните воздушни струења може да се пренесат стотици километри од изворите на емисија.