Целта на оваа средба беше директно вклучување на спортистите во плановите на општината за поддршка на спортот.
Во соопштенеието oд кабинетот на Јанчев се вели :
„Градоначалникот Митко Јанчев заедно со Претседателот на советот Ристо Сакалиев и соработникот за спорт на Општина Кавадарци Боро Ѓорѓиев денес имаа состанок со спортските клубови и здруженија од Кавадарци. Целта на оваа средба беше директно вклучување на спортистите во плановите на општината за поддршка на спортот. Спортистите ги кажаа своите барања и идеи а општината вети дека сите ќе бидат рамноправни во однос на поддршка и развој на спортот. Ќе се формира и комисија од страна на спортските клубови која заедно со комисијата од советници ќе ги донесуваат важните одлуки и правилната распределба на стедствата кои се наменети за спортот.“-се вели во соопштнието до РТК.МК.