Советот на Општината на својата трета седница ја донесе програма за одбележување на новогодишните и божиќните празници- 2018 година
Предвидено е : Во периодот пред Нова година со основните училишта, градоначалникот и Дедо Мраз да ги делат новогодишни пакетчиња за децата од прво до петто одделение на традиционалните новогодишни приредби .
Новогодишни пакетчиња општината има планирано и за децата од социјално загрозените семејства кои не посетуваат настава, за децата од специјалната паралелка, децата кои се на болничко лекување, здружението на слепи лица и други загрозени семејства.
Предвидена е и новогодишна детска претстава и изложба на Друштвото на ликовни уметници од Кавадарци.
Локалната самоуправа по едногодишна пауза се јавива како организатор на Програмата на Градскиот плоштад а годинава ке се одржи и свечениот новогодишен прием кај градоначалникот за претставници од јавните и приватните комапнии,политичкиот и културниот живот, како и Здруженијата на граѓани и други поканети.
На Градскиот плоштад ќе биде организирана културно-забавна програма со настап на Кавадаречки групи-бендови се очекува на полноќ да се направи и новогодишен огномет. Оние што ке дојдат на Плоштадот на 31 декември ќе ги забавуваат рок составите Трилоџи, Лексикон и Бадасал, Водител и забавувач на вечерта е Диме Коцевски.
На 8 јануари ОМБУ „Лазо Мицев Рале“ ќе го одржи веќе традиционалниот божиќен концерт.
Од Општинскиот буџет ќе бидат издвоени 803.527 денари за програмата.