Грков,Стојковски и Пемов- авторитетни професори во кавадаречката Гимназија
Фотогафијата пред вас зборува многу за времето кога е направена.Улицата „Мито Хаџивасилев-Јасмин„ е калдрмисана со истек на нечиста вода на средината на улицата,во позадина е легендарната Гиманзија со економски паралелки каде многумина тука го оформиле своето средно образование и во гро план се тројца авторитетни прославени професори кои предаваа тоа време;Македонски јазик ,историја и математика:Фотографијата е 1957 година, а во преден план професорите: Александар Грков-професор по по македонски јазик, Живко Стојковски-професор по историја и Александар Пемов-професор по математика.