Академијата на едно место ги собра поранешните ракометари и спортски работници на Кавадарци.Ракометот е колективна спортска игра која има иднина во Кавадарци
Ракометот кај нас има голема традиција .Започна да се игра на почетокот на 50 –тите години на минатиот век, а од 60-те, до 2000 година имаше зенит во развојот на овој спорт. Многу генерации квалитетни ракометари играа во Тиквеш,или во други клубови во Македонија и поранешна Југославија. Тоа беше голема спортска еуфорија.Ракометот имаше респект како спортска игра во Кавадарци.Оваа генерација спортски работници и ракометари успејаа да го оттргнат од заборав златното време и да и дадат нов ветар за да го добие заслуженото место. Свечената академија која ја организираше сегашната Управа на ГРК „Тиквеш 2014“ успеа во тоа (Зоран Јосифовски , Димитар Влаиков, Добре Ставров и нивните соработници -големи ентузијасти ) и не потсетатија на почетоците на ракометот .
Академијата се одржа во Големата сала на Домот на културата „Иван Мазов Климе“.
Се обратија Зоран Јосифовски-актуелен член на Управата на ГРК„Тиквеш 2014„ , и Добре Ставров- основач и еден од основачите - голем ракометен работник.Во културниот дел на програмата настапи Триото „Ад Либитум“.Организаторите се погрижија да напорават мошне импресивна изложба на фотографии од досегашни настапи на РК „Тиквеш„ на домнашни и средби во гости.
Инаку Свечената академија ја следеа голем број поранешни и актуелни ракометари и спортски работници во Кавадарци.
РТК деновиве ке објави целосна снимка од Академијата .