Денеска ОО на СДСМ Кавадарци до РТК.МК ја лиферуваше информацијата за промени на претседателската функција во Општинската организација на СДСМ Кавадарци , која има нов претседател.Тоа е Горан Тодоров
Горан Тодоров е избран за нов претседател на Општинската Организација на СДСМ од Кавадарци. Тодоров е дипломиран инжинер по индустриска логистика и работи како раководител на производство во компанијата Кодинг Горска. Претходно беше член на Извршниот Одбор на СДСМ Кавадарци и шеф на општинскиот изборен штаб на СДСМ Кавадарци.