Денеска во просториите на Општина Кавадарци, градоначалникот Митко Јанчев приреди прием во пресрет на Новата 2018 година
На традиционалниот Новогодишен прием на Градоначалникот Митко Јанчев беа поканети и вработените во Локалната самоуправа.Покрај нив секако на годишното обраќање на градоначалникот , што стана вообичаено на крајот на годината,присиствува голем број гости, без исклучоци речиси сите претставници на јавниот, стопанскиот и политички живот во градот, градоначалникот на Општина Росоман и други гости.Ова беше прилика за средби, неофицијални разговори, опуштена атмосфера во која надвладеа позитивната клима, што беше очигледно и добро е да е така често во текот на годината.
Во своето јасно прифилирано концизно обраќање градоначалникот Митко Јанчев проговори за двомесечната работа на неговиот кабинет и администрацијата, идните визии за развој и остварување на програмата со Буџетот за наредната 2017 година.