Kавадаречките велосипедисти обединети во Здружението „Тиквешки точакџии“ вчера на случајните минувачи-деца, на улиците и на Градскиот Плоштад им подарија новогодишни пакетчиња.Хуманоста им е во душата...затоа имаат многу фанови
Tие се тука покрај нас,секојдневно ги гледаме како се движат по улиците или на патиштата во Општинава, или се тркалаат по државата - запознавајќи ги убавините на Македонија.Воведоа една нова култура на однесување, спорт кој значи и повисок начин на перцепција на животот,нешто што авторот на овие редови исклучиво го цени.
„Тиквешки точакџии“-останаа доследни на себе,ја активираа во основа, присутната химанитарна димензија:На Нова година подарија пакетчиња на сите деца кои ги сретнаа на улицата „Илинденска“ и други во центарот на градот а потоа и на Градскиот плоштад.Со своите велосипеди продефилираа низ грaдските сообраќајници и направија заедничка фотографија.
Да не заборавиме тие годинава (2017 година) го организираа најуспешниот - масовен настан во природа „Алшар 2017„...Тие се генијалци.