Кавадарчани во голем број,покрај во домашна атмосфера,во кафеани,во градот ,земјата и во странство,Новата година ја дочекаа и на Градскиот плоштад.
Овде во присуство на многу народ,Локалната самоуправа Кавадарци организира групен дочек со настап на Локални музички групи и пеачи и забавувачи под наслов „Кавадарци заедно во новата година“ .На крајот присутните проследија прекрасен огномет.
На полноќ на присутните им се обрати градоначалникот Митко Јанчев честитајќи им ја новата година:
-„2017 ja испративме ,за мене ке биде запаметена по довербата која ми ја дадовте за грaдоначалник на Кавадарци .Ви посаkувам да имате многу здравје мир и спокој ,успех и да се развиваме како кавадрчани:Кавадарци на прво место.Сакам во 2018 година да гледам среќнии насмеани лица како што ве гледам вечерва.Кавадарци покажа вечерва дека знае да се забавува знае што е убаво.Нам ни почнува нова календарска година во треба да направиме многу успеси,а тие успеси да бидеат заеднички.Наредната година на ова место да го видиме Кавадарци многу поубаво и на повисоко место„рече Јанчев.
Потоа со соработниците ги посети ПС од ОН Кавадарци,Брзата помош и Против Пожарната Територијална Единица и на дежурните им ја честита Новата година и им подари пригодни подароци.
Инаку во Кавадарци новогодишната ноќ помина мирно без нарушувања на Јавниот ред и мир , без инциденти и интеревнции на Брзата помош и без сообраќајки.
Фото :Тони Јошески