Бројот на студенти е проблем со кој се соочуваат сите универзитети, но УГД се одржува на бројка од 2100 студенти годишно што е повеќе од доволно универзитетот да функционира без никакви проблеми, вели ректорот Боев. Тој истакна дека дисперзираните студии веќе се изградени во сериозни центри во четири градови, а сите останати дисперзии можат да бидат предмет на дебата за нивната оправданост и исплатливост.
Во интервјуто ректорот ја упати и традиционалната честитка по повод новогодишните и божиќните празници и изрази надеж дека следната 2018 ќе биде уште подобра.
Извор UGD life