На 22 Јануари 1928 година-започна со работа Соколското друштво во Кавадарци
Пред 90 години е формирано Соколското друштво во Кавадарци. Тоа било пансловенско фискултурно друштво формирано од Јан Тирш од Чехословачка. За кратко време Соколското друштво се стекнало со голема популарност и во него членувале неколку стотини младинци и младинки од Кавадарци. Најдобри резултати друштвото бележи во 1930 година кога со него раководи Радован Јовановиќ, сокол-предњак инаку мајстор на овој спорт и во 1931 година кога неговите соколи се: Васил Дубров и Диме Поцев кои ги освоиле првите две места на Соколското првенство во Скопје во вежби на вратило, разбој и лесна атлетика (трчање на 100 метри, фрлање копје и ѓуле).