Градоначалникот Јанчев ги повикува сите заеднички да го прославиме Денот на лозарите.Кавадарци се враќа на изворните одбележувања и прослави со цел да заинтересираат присустви на повеќе граѓани.
Со концерт на големата македонска музичка ѕвезда, Владо Јаневски вечерта на 14 февруари ќе биде завршено годинешното чествување на заштитникот на лозарите и овоштарите, Свети Трифун, кое годинава ќе донесе неколку интересни настани.
Финалната прослава започнува во 11 часот и 40 минути со културно уметничка програма на Градскиот плоштад во Кавадарци, како најава во традиционалното закројување на виновата лоза кое е предвидено за во 12 часот. Од 12 часот и 30 минути до 15 часот свој настап ќе имаат фолклорни состави и чалгии.Колоритот на македонката песна и оро ќе доминираат.
Вечерната програма започнува во 20 часот и 30 минути со настап на кавадаречки бендови, додека пак почетокот на концертот на Владо Јаневски е закажан за во 21 часот и 45 минути. Вечерта ќе ја затворат кавадаречките диџеи со свој сетови.
Од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев информираат дека целиот плоштад ќе биде уреден во духот на празникот Св.Трифун, на кој ќе бидат поставени штандови со традиционална храна, вино, маџун и производи од грозје.
Пр о г р а м а :
11:40 – Културно-уметничка програма
12:00 – Традиционалното закројување на Виновата лоза
12:30 – 15:00 – Настап на Фолклорни состави и Чалгии
20:30 – Музички настап на Локални бендови
21:45 – Концертен настап на Владо Јаневски
23:00 – DJ