Заврши Меѓународната ликовна колонија “Ристо Соколов Сокол 2015“
Синоќа во Хотел “Фени“ Кавадарци заврши 10-то издание на Меѓународната ликовна колонија, која од оваа година е насловена по еден од најдобрите кавадаречки и македонски ликовни уметници: Ристо Соколов Сокол . -На колонијата твореа 15 ликовни уметници од Србија, Бугарија, Црна Гора и Македонија.Насликани се 30- сетина квалитетни дела во повеке техники.А што се однесува за Ристо Соколов-Сокол ,рече ликовниот уметник Кирил Казанџиски, тој остави силен печат во уметничкото творењеа за време на неговиот живот и творечкиот опус создаде доволно дела за да го паметат генерациите кои живееја со него и останатите кои ке ги видат неговите слики. Ликовниот уметник Новица Трајковски пак на затварањето на Колинијата му се заблагодари на органираторот, Хотел Фени, кој традиционално е одличен домакин .Говорејки за Ристо Соколов,Трајковски рече дека тој во македонската ликовна јавност ке остане запишан за сите времиња.Се додека постојат сеќавањата за некого тој е жив па така и нашиот Сокол живее , нагласи координаторот Трајковски.
Инаку на затварањето на Колонијата и одржувањето на изложбата на делата создадени на неа , присутните го погледанаа и документарниот филм на Тони Коцев посветен на подготовката и одржувањето на последната изложба на Ристо Соколов-Сокол, во декември минатата година . За време на досегашното одржување на колонијата, учесници беа познати уметници од целиот Балкан, но и од повеќе европски земји. Над 110 ликовни уметници твореа на колонијата, оставајќи зад себе над 250 ликовни дела кои се трајно поставени низ сите простории на хотелот.
М.Д.