Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против И.А. (45) и М.П. (51), двајцата од Кавадарци.
„Kривичните пријави се поднесени поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување“. Во временскиот период од 2015 до 2017 година, првопријавениот, како директор на Јавното претпријатие „Комуналец“–Кавадарци, и второпријавениот, како раководител на „Водовод и канализација“ при Јавното претпријатие „Комуналец“ – Кавадарци, им наредиле на дел од вработените во текот на работното време да извршуваат градежни работи на нивните приватни викендички. На овој начин, по основ на исплатени бруто плати за ангажираните работници, го оштетиле Јавното претпријатие „Комуналец“- Кавадарци за 234.281 денари„-се наведува во Билтенот на МВР каде денеска е објавена кривичната пријава.