Oвa e дел од програмата на одбележувањето на Светип-Трифун-Денот на лозарите
Едно од најинтересните случувања во деновите на традицијата посветени на Свети Трифун – 2018 година е натпреварот за најдобро домашно вино и ракија. И овој натпревар станува своевидна традиција која се одржува по осми пат. Стручното жири од професоналните енолози во состав: Андон Крстевски од винарија Стоби, Борис Нечев од винарија Бовин и Нана Сукара од винарија Попова Кула извршија дегустација и бодување на мострите.