Ова е фотос од педесетите години од минатиот век.
Од десната страна на улицата беше фурната на Вано Видиков, берберски дуќан, анот на Еленовци, налбатски дуќан на Борис Катралов, лимарски дуќан, ковачот Блажо Лалков, самарџијата Перо Мркев, столарот Анѓелката Анѓушев, ковачот Ѓоре Оравечки, самарџијата Тодор Крката, пушкарот Ордан Шандаров, фурната на “Морејка“ и други.