Бројот на заболени од сезонски грип за една недела пораснал за 369 нови случаи
Според Д-р спец.епидемиолог Ристе Јовановски се очекува да расте бројот на заболени од ова сезонско заболување со оглед на тоа што нешто подоцна и се појави кај нас.
Тоа се базира на растот на заболените од грип минатта недела-Вкупно 369 се регистрирани во Кавадаречкиот Центар за јавно здравје, што е очигледно дека има пораст ако споредиме со периодот пред тоа.Вкупно само во месец февруари се регистрирани 866 , а во ова сеозана 933 заболени од грип.Цела сезона лани биле евиденстирани околу 4.000 граѓани.
И понатаму најчесто се разболуваат граѓани на возраст од 15 до 64 години.